Од

Since

Nga

1989

Поголеми приноси со

Years better harvest with

Korrjes më të mirë me

Agrounija

За нас

“Агроунија” ДООЕЛ ОГНЕН Скопје е производно-трговско претпријатие во приватна сопственост, основано од страна на инж. агр. Огнен Оровчанец во 1989 година во Скопје, Република Македонија.
Визијата во времето на основањето била да се создадат услови за научно- истражувачка активност и продолжување на селекционата работа - создавањето на нови сорти пченици и нивно одржување, која била започната од Илија Оровчанец, доктор на земјоделски науки и основоположник на селекцијата во Република Македонија, организирање на земјоделско производство и изградба на магацини каде би се доработувал семенскиот материјал од житни и други полјоделски култури. Семенскиот материјал кој би се произведувал би бил наменет за извоз.



По 30 години од основањето:

“Агроунија” има сопствен центар со над 2500 метри квадратни во чиј склоп се дирекцијата, централниот магацин, центарот за доработка на семе со капацитет од 1200 до 1500 тони семе, производен погон на добиточна храна и малопродажба.
“Агроунија” сега има шест продажни центри во кои се извршува промет со минерални ѓубрива, семенски материјали, средства за заштита на растенија, добиточна храна, материјали за земјоделие и ситна механизација.
Во “Агроунија” постои: континуирана научно - истражувачка активност; селекција, создавање нови сорти семенски пченици и тритикале. Во Република Македонија има регистрирани и признаени 18 сорти сопствени пченици и една сопствена сорта тритикале. Сортите од “Агроунија” се признати и во: Република Србија 4 сорти, Република Албанија - 8 сорти, Република Косово - 4 сорти, Босанска Краина - 4 сорти, Република Грција – 1 сорта и Република Бугарија – 1 сорта пченица и 1 сорта тритикале. Во моментот се во фаза на признавање сорти во Р. Бугарија, Р. Романија и Р. Турција.



“Агроунија” секоја година има сопствено производство на семе на 200 хектари со комплетна сопствена механизација и организирано производство на семе во соработка со други субјекти на дополнителни 200 до 300 хектари. “Агроунија” во сопственост има комплетен возен парк со лесни возила, комбиња и камиони.



“Агроунија” е асоцијативна членка на Факултетот за земјоделство при универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, има соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” - Скопје, како и со сите други позначајни институции во Република Македонија. Членка е и на Сојузот на Стопански Комори на Р. Македонија. “Агроунија” е добитник на повеќе награди и признанија како во Р. Македонија, така и во странство, а при тоа, во рамки на своите можности, е општествено одговорна и призната како фирма која ужива високо реноме за работата што ја обавува.
Во моментот “Агроунја” има голема соработка со сите поголеми организации во Република Македонија и со голем број меѓународни субјекти. Во моментот “Агроунија” е официјален застапник на повеќе странски фирми, од кои позначајни се: Ексклузивно застапништво на “Институт за Кукуруз - Земун Поље” Белград - Земун, од Р. Србија, официјален застапник на “SCHAUMANN“ – Р. Австрија, официјален застапник “Семенарнакооп” - Петроварадин, Р. Србија, официјален застапник на “AgroKalem Plod”- Р. Срија, официјален застапник на “De Nijs“ – Р. Холандија и други.



Во моментот “Агроунија” има под долгогодишни концесии 200 хектари земјоделско земјиште што се наоѓа над Mанастирот Свети Ѓорѓија Делјадровци и со успех ги обработува, покажувајќи дека и покрај не најдобрата земја, со добра агротехника и добра технологија на производство може да се добијат сериозно добри земјоделски резултати.
Ценејќи го постигнатото во изминатиот период, сериозниот пристап кон работата и акумулираното искуство, сами по себе континуирано се поставуваат нови задачи и нови визии, со што би се создале предуслови за нови активности во иднина.